Радикални промени во Р.К. Вардар!

Радикални промени во Р.К. Вардар!

По успехот на ракометниот клуб Вардар и неуспехот кој во квалификациите за пласман на Европското првенство го доживеа машката ракометна репрезентација на Русија ги натера раководните тела на Ракометниот сојуз на оваа земја да направат радикални промени.

Имено, директорот на Вардар, Едуард Кокшаров, е поставен за нов селектор на Русија, додека сопственикот на „црвено-црните“, Сергеј Самосоненко, ќе биде генерален менаџер и координатор на руската машка ракометна репрезентација.

Главна цел пред тандемот на Вардар ќе биде Русија да избори пласман на Олимписките игри во Токио, во 2020 година.