Раџон Рондо e новото засилување на Њу Орлеанс Пеликанс

Раџон Рондо e новото засилување на Њу Орлеанс Пеликанс

Раџон Рондо, кој во минатата сезона настапуваше во тимот на Чикаго Булс, во новата сезона ќе биде дел од екипата на Њу Орлеанс Пеликанс.

Рондо постигнал усен договор со Њу Орлеанс и наскоро се очекува и официјално потпишување на договор со оваа екипа објавија американските медиуми. Чикаго на 30 јуни се откажа од услугите на овој кошаркар по само една сезона и на негово место ги ангажира младиот плејмејкер Крис Дан.

31-годишниот Рондо својата афирмација ја стекна во тимот на Бостон, каде настапуваше осум сезони, а покрај за Чикаго во кариерата играше и за тимовите на Далас Маверикс и Сакраменто Кингс.

Тој, минатата сезона одигра една од најлошите сезони со постигнати просечни 7.8 поени и 6.7 асистенции.