Рада Манојловиќ: Јелена Карлеуша со години го прави тоа што ние сега го сфативме

Рада Манојловиќ: Јелена Карлеуша со години го прави тоа што ние сега го сфативме

Рада Манојловиќ од неодамна гостуваше во една емисија, каде се појави во провокативно издание.

Во интервјуто откри дека намерно така се облекла поради реакција на јавноста и дека на тоа ја инспирирала Јелена Карлеуша.

Морам да се пофалам дека креаторката тоа го направи за мене. Јас и реков да ми направи нешто провокативно и атрактивно, а пак да биде во склад со моите видео записи кои сега излегоја. Сакав да биде нешто поинаку од тоа што вообичаено ме гледате. Вака се облеков за да предизвикам реакција кај луѓето. – изјави таа.

Некаде во последниве две години сфатив дека мораш да се наметнеш. Тоа е тоа што Јелена Карлеуша го откри во поодамнешните денови, а моите колешки и јас дури сега. – додаде таа.