Првите фотографии од снимањето на серијата Versace:American crime story

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.05.2017 - 17:39

Екипата на серијата Versace - American Crime Story вредно снима сцени во Мајами од третата сезона на популарниот серијал, а на интернет се појавија првите фотографии на главните ликови. Во приказната во која се прати убиството на познатиот дизајнер Џијани Версаче пред неговиот дом во Мајами 1997 година, главните улоги ги играат Едгар Рамирез, Рики Мартин, Дарен Крис и Пенелопе Круз.


На фотографиите од снимањето, Рамирез со кратка седа коса, брада и препознатливата облека потсетува на Версаче, додека славниот пејач го глуми неговиот љубовник Антонио.

Како и до сега, кога се во прашање сите серијали на продуцентот Рајан Марфи, деталите се држат во тајност, но фотографиите од снимањето ни покажаа дел од тоа што ќе се случува во третата сезона од серијалот која ќе се прикажува следната година.