Првата фотка од повторното собирање на екипата од "Will & Grace"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.02.2017 - 16:48

Обожавателите на телевизиската серија "Will & Grace" неодамна се израдуваа поради вестите дека популарната серија ќе добие 10 нови епизоди.

Иако првите информации велеа дека снимањето на новите епизоди нема да започне сѐ до јули, актерската екипа веќе се собра. Без разлика дали е за потребите на снимањето или само дружење помеѓу старите колеги, сепак овој факт многу нѐ радува.

Меган Малали, актерката која ја глуми Керен Вокер, објави фотографија на својот Твитер профил на која лежи врз своите колеги Ерик Мекормак и Шон Хајс.

На фотографијата недостасува важен член од екипата, актерката Дебра Месинг која ја глуми Грејс. Се надеваме дека таа ја направила фотографијата, па поради тоа отсуствува, затоа што фановите би биле разочарани доколку токму таа отсуствува од новите епизоди на хит серијата.