Првата целосно 3D принтана куќа е направена за 24 часа!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.03.2017 - 19:46

Вообичаено, за да се изгради една куќа потребни се месеци и месеци, но оваа компанија од Сан Франциско успеа да го направи тоа за само 24 часа!

Компанијата се вика Апис Кор и е специјализирана за 3D печатење, и е првата што успеа да испечати цела вистинска куќа во која може да се живее, а најимпресивниот дел е што ова го изведе за само 24 часа.

Уште поимпресивно - предвидено е куќата која 3D испечатена од бетонска мешавина да трае цели 175 години! Уште, уште поимпресивно? Цената за ова изнесува само 10.000 долари!

Инаку, куќата се наоѓа во Русија, а површината ѝ е нешто помалку од 40 метри квадратни. Не е најубава на свет, но како за почеток, ова е дефинитивно најава за нова ера!