Прстенот на Ирина е копија на прстенот на Кејт Мидлтон!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.12.2016 - 11:13

Кратко откако манекенката Ирина Шајек и нејзиниот партнер Бредли Купер објавија дека таа е бремена, Ирина во јавноста се појави со веренички прстен, па очекуваме овој ѕвезден пар да приреди спектакуларна свадба.

Но, токму вереничкиот прстен предизвика реакции во јавноста, но не заради неговата големина. Имено, многумина веднаш забележаа дека прстенот неодоливо потсетува на вереничкиот прстен на Кејт Мидлтон.

Всушност, прстенот на Ирина е потполна копија на прстенот на Кејт, а единствената разлика е бојата - скапоцениот камен на прстенот на Ирина е зелен, а тој на Кејт Мидлтон е син.

Кој ви се допаѓа повеќе? :)