Продажбата на Apple часовниците со огромен пад од 71%!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.12.2016 - 17:52

Продажбата на паметните часовници на Apple беше рекордна во првиот празничен викенд, а целиот овој квартал би требало да биде најдобар за Apple Watch, барем што се однесува до директорот Тим Кук.

Овој коментар на Кук беше објавен откако беа објавени извештаите на IDC според кои продажбата на часовниците на Apple во третиот квартал забележале пад на продажбата од 71%.

Но, токму овој празничен период е оној кој најмногу го гледаат од Apple, бидејќи нивниот часовник пристигна во продажба за најпопуларниот период на купување на подароци за празниците.

Извршниот директор на Apple одби да ги открие конкретните бројки за продажбата на часовниците, но Кук вели дека сѐ укажува на тоа дека Apple Watch ќе биде еден од најпопуларните уреди за празниците.

Часовникот е првиот нов производ кој Apple го претстави под водство на Кук, а аналитичарите велат дека продажбата би можело да оди добро за празниците, бидејќи е подобар подарок од телефон или компјутер.