Пристигнуваат новите патики Air Jordan 3

Пристигнуваат новите патики Air Jordan 3

Брендот Jordan од следниот месец ќе го пушти во продажба моделот Tinker Hatfield .

Брендот ги претстави првите фотографии од новиот модел на патики кои веројатно ќе им се допаднат на многу љубители на патики, а посебно на обожавателите на кошаркарските модели. Моделот Tinker Hatfield е понапредна верзија од моделот Fire Red, а сличноста е повеќе од очигледна. Но, брендот Jordan се потрудил овие патики да изгледаат посебно.

Комбинацијата од бои е навистина одлична, а патиките не изгледаат премногу нападно. Тие се направени од издржливи и квалитетни материјали така што можете да бидете сигурни дека овие патики ќе траат неколку години доколку ги одржувате како што треба.

Иако се дизајнирани со цел да се носат со различни стилови, ова се првенствено кошаркарски патики, па затоа компанијата се потрудила да овозможи овие патики да бидат екстремно удобни и да пружаат одлична потпора за стaпалото и зглобот, така што страствените кошаркари ќе уживаат во нив.

Патиките ќе се најдат во продажба од 24-ти март, а деталите за нивната цена сè уште не се познати.