Пристигнува новиот McLaren Senna

Пристигнува новиот McLaren Senna

Изгледот на новиот McLaren Senna е конечно потполно откриен, а вие погледнете и воодушевете се.

Суперавтомобилот е наречен по легендарниот бразилски возач на Формула 1, Аиртон Сена. Станува збор за новиот член на Ultimate Series, а ќе биде произведен во вкупно 500 примероци. Како што и може да се очекува, сите автомобили се веќе резервирани, а цената на еден изнесува милион долари.

Автомобилот, благодарение на својот дизајн е исклучително аеродинамичен, а фокусот е ставен на намалување на отпорот од воздухот и подобрување на ладењето. Одличната аеродинамика е резултат на повеќечасовно тестирање во воздушен тунел.

Новиот британски болид се истакнува со специјални врати со стаклени панели, воочлив заден спојлер, титаниумски издувен систем, како и Pirelli P Zero Trofeo R пневматици.

Што се однесува до брзината, McLaren Senna го придвижува 4,0-литарски V8 би-турбo мотор, кој испорачува 789 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, што е за 79 коњски сили и 30 Nm во однос на истиот мотор што го придвижува моделот 720S. Освен што е помоќен, Senna е и полесен за 85 килограми – неговата тежина изнесува 1198 килограми.

Податоците за перформансите моментално не се достапни, но од McLaren велат дека автомобилот е “вистинска ракета со неверојатни перформанси”.

Производството на овој модел ќе започне во третиот квартал од 2018 година, а автомобилот ќе дебитира во март на саемот за автомобили во Женева.