Пристигна трејлерот за новиот акционен филм “Skyscraper” со Двејн Џонсон

Пристигна трејлерот за новиот акционен филм “Skyscraper” со Двејн Џонсон

По завршувањето на американскиот Супер Боул, за прв пат беше прикажан трејлерот за најновиот филм со Двејн Џонсон, “Облакодер” (“Skyscraper”) каде Вил Форд или Двејн Џонсон е главната ѕвезда на филмот, односно поранешен ФБИ агент кој сега работи како обезбедување на облакодерот.

Неговото семесјтво е заробено на 240 спрат, а истовремено страшна жена ја пее чудната обработка на песната “I Won’t Back Down” од Том Петај. Дел од останатите глумци се и Нив Кемпбел, Чин Хан и Ноа Тејлор.

Како режисер на филмот се потпишува Расон Турбер, кој е познат по комедиите “DodgeBall”, “We’re the Millers” и “Central Inteligence”. Филмот ќе се прикажува во кино салите од 13 јули оваа година.