Пристигна тизерот за седмата сезона на „Игра на тронови"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.03.2017 - 17:07

За сите љубители на популарната серија „Игра на тронови“ седмата сезона ќе почне да се прикажува на 16 јули.

Оваа сезона ќе биде пократка со седум епизоди, во однос на вообичаените 10. Се очекува ова да биде претпоследна сезона, како загревање за големото финале – осмата сезона со 6 епизоди. Во тизерот за најновата сезона на сериската драма на ХБО се слуша како Џон Сноу вели: Само една војна е важна. Големата војна. И таа почна. Погледнете го видеото кое ве внесува во седмата сезона.