Природен молекул ги спречува канцерогени клетки да произведуваат енергија

Природен молекул ги спречува канцерогени клетки да произведуваат енергија

Варбург ефектот се однесува на начинот на кој што канцерогените клетки го пренасочуваат метаболизмот за да преживеат, консумирајќи гликоза за да создаваат енергија.

Сега, ново истражување од Дјук институтот за рак може тоа да го промени.

Во објавена студија, истражувачите во детали објаснуваат како успеале да го дешифрираат невообичаениот систем за пренасочување кои канцерогените клетки го користат за да ги метаболизираат јаглехдратите, како и да ја идентификуваат природната состојка која овој систем селективно го запира, барем во лабораториски услови.

Здравите клетки го разложуваат шеќерот со кислород, додека канцерогените користат ферментација – помалку ефикасен процес кој побарува повеќе шеќер – па така истражувачите решиле да ги набљудуваат канцерогените клетки кои биле под влијание на Варбург ефектот за да ги одредат специфичните точки каде тие го контролирале јаглехидратниот метаболизам различно од здравите клетки.

Било откриено дека ензимот GAPDH ја контролирал зачестеноста на процесирањето на гликоза во канцерогените клетки, па така било решено да се пронајдат состојки кои потенцијално би можеле да го блокираат овој ензим. Потенцијалот бил виден во конингната киселина (КА), молекул создаден од габа која се храни со шеќер за да ги спречи бактериите да се хранат со неговиот извор на храна.

Тимот ја тестирал КА во канцерогените клетки кај глувци, а резултатите индицирале дека киселината ја ограничувала потрошувачката на гликоза во туморите подложени на Варбург ефектот преку селективно инхибирање на GAPHD ензимот, без никакво влијание врз здравите клетки.

Овој ефект е силен кај некои видови на канцери, но слаб или непостоечки кај други. За време на студијата, истражувачите откриле дека можат да развијат модел кој до одредена мера би предвидувал која клетка би била под влијание на ефектот преку мерење на нејзиниот GAPDH ензим, а овие модели потоа би биле искористени за полесно да се предвиди кога терапијата која го таргетира метаболичниот процес би имала најголем ефект.