Принцот Хари овој пат задолжен за новиот скандал

Принцот Хари овој пат задолжен за новиот скандал

Уште еден скандал го тресе кралското семејство. Иако на многумина им е чудно, принцот Хари е заслужен за големиот бес кој настана во неговиот дом.

Венчавката која е закажана за 19 мај, а на списокот на гости ќе се најде и личност која не е пожелна меѓу неговите. Станува збор за Сара Фергусон, поранешна жена на Ендрју, син на кралицата Елизабета.

Хари ја донесе својата одлука. Ја сака Сара Фергусон на својата венчавка и така ќе биде. Било какви шпекулации околу нејзиното недоаѓање се само нагаѓања, рекол извор близок на дворецот.

Сара и Ендрју се развеле 1996 година, кога таа на југот на Франција е фатена во афера со финансиски советник. Тогаш се развела и заминала од кралското семејство, а 2010 година била на ивица на банкрот. Со поранешниот сопруг сега е во добри односи.