Принцот Хари и Меган Маркле откриле нови детали од венчавката

Принцот Хари и Меган Маркле откриле нови детали од венчавката

Принцот Хари и неговата свршеница, Меган Маркле, нови детали за својата венчавка на 19. мај, вклучувајќи го и тоа дека свеченоста ќе вклучи и поворка со кочија низ улиците на Виндзор.


Венчавката во капелата Св. Џорџ во дворецот Виндзор ќе започне на пладне и двојката ќе ја венча надбискупот на Кантербери, Џастин Велби, објавила палатата Кенсингтон.
Еден час подоцна, во кочија, ќе поминат низ улиците на гратчето.„Се надеваат дека тој кус пат ќе овозможи на поголем број луѓе да се соберат во Виндзор и да уживаат во атмосферата на тој посебен ден“ соопштила палатата.
Нововенчаниот пар на званиците од конгрегацијата ќе им се придружи на приемот во салата во Св. Џорџ. Подоцна истата вечер таткото на младоженецот, принцот Чарлс, ќе приреди прием за парот и нивните блиски пријатели и семејството.

Истиот ден се одржува и финето на ФА купот на кој постариот брат на Хари, принцот Вилијам, обично го предава победничкиот трофеј како претседател на Фудбалскиот сојуз, па сеуште не се познати неговите планови.
Минатиот месец Вилијам рекол дека братот од него бара да му биде кум, како и што се очекува, и рекол дека размислува како да ги „подмири“ двете обврски кои се во исто време.