Принцот Хари и Меган Маркл за првпат заедно!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.12.2016 - 10:57

Откако минатиот месец беше разоткриена нивната романса, целиот свет е во исчекување на развојот на настаните во врската на Принцот Хари и актерката Меган Маркл.

Ова очекување дури и се претвори во малтретирање на срамежливата двојка,  до степен што го натера Хари да објави официјален јавен апел од кралскиот двор до медиумите и јавноста да ги остават Меган и нејзиното семејство на мира.

Сепак, со ова нивната врска беше потврдена, па парот како малку да се опушти во признавањето на романсата, која наводно започнала уште во Јуни.

Така, Принцот Хари и Меган за првпат беа забележани и фотографирани заедно при посетата на една претстава во лондонскиот театар, при што се прошетаа низ плоштадот Пикадили држејќи се за раце!

Извори блиски до кралското семејство велат дека иако Хари се многу грижи за приватноста, не сака тој и неговата девојка да бидат оневозможени да живеат нормален живот, а додаде и дека двајцата се премногу заљубени и луди еден по друг!

И официјално, нека им е честито на новиот пар од соништата! :)