Преубава и згодна, но зошто се тие лоши стапала?

Преубава и згодна, но зошто се тие лоши стапала?

На модните критичари им треба само еден детаљ за да се расипе целосниот стајлинг, а пример за тоа е познатата пејачка Никол Шерцинер и нејзината модна комбинација од Лондон.

Со текот на годините за младата пејачка се вели дека станува сè поубава, а во Лондон се појави во одлична комбинација со фармерки и провокативна кошула. Црвените сандали со високи потпетици исто така беа одличен избор, но гледано само од нивниот дизајн. Од агол на големината на обувките, Никол направила голема модна грешка.

Сандалите со високи потпетици ѝ биле со поголем број, а ремчињата ѝ ја стегаа ногата на Никол. На фотографиите се гледа дека ногата воопшто не ѝ била стабилна, па немојте да го следите овој моден избор!