Претставени се бараж двојките за пласман на Светско првенство во Русија!

Претставени се бараж двојките за пласман на Светско првенство во Русија!

ФИФА во своето седиште во Цирих во вторникот ги извлече двојките за баражот за пласман на Светското првенство во Русија.

Ждрепката ги спои Северна Ирска и Швајцарија, Хрватска и Грција, Данска и Република Ирска, односно Шведска и Италија.

Првите натпревари ќе се одиграат во периодот од 9 до 11 ноември, а реваншите на програмата ќе бидат од 12 до 14 ноември.

Во натпревари ќе се одиграат и во интерконтиненталниот бараж Перу – Нов Зеланд и Хондурас – Австралија.

Светското првенство во Русија ќе се одржи наредната година од 14 јуни до 15 јули.