Претставен Samsung Galaxy A8 (2018)

Претставен Samsung Galaxy A8 (2018)

Поголем „бесконечен“ екран (5,6 инчи), двојна камера со оптичка стабилизација на дигитални фотографии и видеа и IP68 oтпорност на вода и прав…


Новиот Samsung Galaxy А8 (2018) денеска беше претставен во Македонија. Новиот модел како надополнување на Galaxy A серијата на паметни уреди, доаѓа со двојна предна Камера (Dual Front Camera), 5,6-инчен „бесконечен“ (Infinity) дисплеј (2220 х 1080 пиксели) и неверојатен ергономски дизајн кој се базира на дизајнот на досегашните водечки паметни телефони на Samsung и нивното искуство. Со дополнителни карактеристики, Galaxy А серијата е постилска, попрактична и поудобна за употреба.

„Најновиот уред од Серијата А е со напредни Galaxy перформанси и претставува спој на премиум функции од нашите најдобри уреди од високата класа, збогатени со напреден дизајн. Сакајќи да ги пресретнеме потребите на корисниците го создадовме Galaxy A8 (2018) – уред кој со својот дизајн, карактеристики и врвни функции, ќе го олесни и подобри секојдневното функционирање на поголем број корисници.“ – изјави Милан Вујовиќ, маркетинг директор во компанијата Samsung за Адриатик Регионот.
Galaxy А8 (2018) – поелегантен и пофункционален, за уште побогато корисничко искуство
Најновиот Galaxy А уред поставува нови стандарди за непрекинато, извонредно искуство при гледање филмови или играње игри. „Бесконечниот“ дисплеј ја надминува рамката со извонреден сооднос на дисплејот од 18.5:9, овозможувајќи им на корисниците да ја гледаат сцената низ целиот екран за максимално синематско доживување. Големиот екран е поддржан со ергономско заоблено стакло на предната и на задната страна. Стаклените и метални елегантни рамки на уредот, заоблените делови и удобноста за држење го прават овој уред уште поедноставен за следење содржини или интеракција со него.

Корисниците ќе можат да креираат јасни, чисти „селфи“ фотографии со задната камера од 16MP со фокус од F1.7 и 16MP+8MP со фокус од F1.9 двојна предна камера, без разлика каде се наоѓаат или во каква активост се вклучени. двојната предна камера е направена од две одделни камери, а корисниците ќе може да одберат која ќе ја користат во зависност од видот на „селфи“ фотографијата што сакаат да ја направат – од фотографија одблиску, со позадина, се’ до портрет фотографија со јасна и чиста позадина. Дополнително, со напредната функција “Live Focus“, ефектот „bokeh“ едноставно може да се прилагоди, пред или откако ќе се фотографира, со цел креирање фотографии со висок квалитет. Без разлика дали преку ден или навечер, напредната камера ќе се погрижи фотографиите да имаат одлична острина, дури и во услови на слаба осветленост. Новиот уред исто така овозможува адаптирање на фотографиите преку забавни опции, од додавање „налепници“ на „селфи“ фотографија, до нагласување на кулинарската екстраваганција со режимот за храна (Food Mode).
Со технологијата за стабилизација на видео и дигитални слики (video digital image stabilisation technology – Vdi), несигурните видеоснимки ќе станат дел од минатото, а со hyperlapse функцијата корисниците може да креираат видеоклипови, што ќе овозможи снимање, разкажување и споделување на уште подолги приказни.
Со овој уред, преку функцијата Always On Display, корисниците континуирано ќе бидат информирани – а пристапот до информациите никогаш не бил поедноставен: со само еден поглед кон телефонот, без притоа да го отклучуваат.

Овозможувајќи IP68 отпорност на вода и прав, Galaxy А8 (2018) уредот е издржлив на различни услови, како дожд, песок, прав, па дури и пот, што го прави погоден за користење во речиси секоја ситуација, при различни активности. Исто така, Galaxy А8 (2018) поддржува microSD картички, што овозможува проширување на капацитетот за складирање до 256GB. Овој паметен уред е првиот од серијата А кој има поддршка за Samsung Gear VR.
Со опцијата Samsung Pay, корисниците веќе нема да имаат потреба да го носат својот паричник со себе секогаш кога ќе излезат од домот. Поддржувајќи Magnetic Secure Transmission (MST) и Near Field Communication (NFC), Galaxy А8 (2018) може да се користи виртуелно насекаде каде што може да ја допрете или повлечете вашата картичка. Секоја трансакција преку Samsung Pay опцијата е безбедна, а сепак многу едноставна. Сѐ што е потребно е едно повлекување и едно скенирање на отпечаток.
Samsung Galaxy А8 (2018) ќе биде достапен од 19 jануари во црна, орхидеја сива и златна боја, по препорачана продажна цена од 30.999 денари.