Претседателот на Египет ги награди фудбалерите со по 85.000 долари за пласманот на СП

Претседателот на Египет ги награди фудбалерите со по 85.000 долари за пласманот на СП

Седумкратниот африкански шампион Египет вчера со гол во 95-та минута од пенал стигна до пласман на Светското првенство во Русија идното лето, што е прв настап на „фараоните“ по пауза од 28 години и поради големиот успех претседателот на државата реши богато да го награди.

Првиот човек на државата, Абдул Фатах ал Сиси објави дека ги наградил фудбалерите на Египет со по 85 илјади долари за секој фудбалер од оваа генерација, која успеа да донесе многу радост на нацијата и Египет по СП 1990 во Италија повторно да игра на најголемиот фудбалски фестивал.

Претседателот ја објави наградата на приемот денеска на националниот тим предводен од аргентинскиот тренер Ектор Купер.

„Можеби не играте убав фудбал, но Вие сте на Светско првенство и тоа е најважната работа“, изјавил Купер.

Претседателот на Египет, пак, најмногу го пофалил херјот Мохамед Салах, фудбалерот на Ливерпул, кој го реализираше пеналот во триле-завршницата.

„Горд сум на сите играчи, но посебно на Мо Салах, кој беше доволно храбар да го изведе клучниот пенал. Сакам да му заблагодарам и на селекторот Купер, кој ни ги оствари соништата“, рече Ал Сиси.

Првата египетска ѕвезда Салах, пак, најави нови одлични игри во Русија.

„Одлучни сме да ја направиме земјата горда, како и целиот континент во Русија. Среќен сум што го водев Египет со СП по 28 години пауза и што направив сто милиони жители да бидат горди на нас“, рече Салах.

Египет во последните три години беше во фокусот за нефудбалски работи, откако неколкупати имаше страшни трагедии на фудбалските мечеви, па црната фудбалска хроника сега ја заменува најубавата приказна за оваа земја со обезбедениот трет настап на Мундијалите.