Препознајте го женкарот

[17.02.2012 - 16:39 часот]

Иако на прв поглед изгледа како дечко од соништата , може да се случи тој впечаток прилично да ве излаже...

Тешко е да му се одолее!

Заводникот или женкарот знае како треба со жените и од нив го добива она што го сака.

Знае што треба да каже и направи за жената да се чувствува посебна, ама можеби и нема да ви се допаѓаат неговите мотиви. Ви укажуваме неколку карактеристики на женкарот.

Редовно е во контакт и со "пријателките"

Немојте да игнорирате ако вашиот дечко често праќа пораки на други жени. Тоа веројатно никогаш нема да престане, а неговите пријателки се веројатно повеќе од тоа.

На Фејсбук има повеќе жени отколку од мажи

Фејсбук може многу да открие, па обрнете внимание на пораките и лајковите кои мажот на вашиот живот ги добива.

Ако наидувате исклучиво на коментари на други жени, тоа може да биде знак дека вашиот фраер е и нивен фраер.

Има репутација на женкар

Ако некој за некој одреден дечко кажува дека е женкар, тоа воопшто не треба да го игнорирате, бидејќи изреката „кај што има чад има и оган“ се покажува сосема точна.

Нема потреба да мислите дека баш вие сте личноста која може да го промени бидејќи тоа не им успеало на многу девојки пред вас.

Ве меша со други

Му се случува да ве нарече со туѓо име или ви доделува особини од друга личност?

Оваа појава немојте да ја занемарите и добро размислете и проценете дали е заборавен или незаинтересиран за вас, и дали тоа го прави затоа што има неколку девојки.

[назад]
Радио МОФ