Премиерата на Justice League e на 17-ти ноември!

Премиерата на Justice League e на 17-ти ноември!

За нештата да бидат уште поинтересни на само неполн месец од светската премиера на Justice League беше објавен 4-от трејлер за филмот во кој за прв пат можеме да го видиме и Супермен.

Сепак, спротивно на очекувањата човекот од челик не се појавува во акција, туку во сонот на Лоис Лејн, што повторно не ни открива до крај дали суперхеројот е жив и ќе и се придружи на дружината.

Последниот трејлер изобилува со низа акциони сцени, а во него и за прв пат можеме да го видиме фамозниот сигнал на Бетмен. Премиерата на Justice League е закажана за 17-ти ноември.