Прекрасни фотографии од светот на дивите животни!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.11.2016 - 16:34

На традиционалниот натпревар за најдобра фотографија од дивите животни, кој го организира Националниот музеј во Лондон, оваа година пристигнале рекордни 50.000 фотографии од фотографи од 95 земји во светот.

Во потесниот избор за првото место влегоа 25 фасцинантни фотографии кои ги покажуваат неверојатните моменти од скриениот живот на дивите животни, а победникот ќе биде прогласен на 10-ти јануари идната година.

Националниот музеј во Лондон го организира овој натпревар традиционално секоја година за сите фотографи, аматери и професионалци, а целта е да се подигне свеста за убавината и важноста на дивите животни, односно зачувувањето на околината.