Прекрасни фотографии кои го отсликуваат животот на балерините

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.01.2017 - 16:56

Даријан Волкова е професионална балерина и фотографка која што редовно објавува преубави фотографии кои го отсликуваат нејзиниот и животот на нејзините колеги.

Од фотографиите можете да видите колкава пожртвуваност и болка треба да претрпат овие луѓе, за да ја остварат својата љубов кон танцот и за на сцената да изгледаат навистина волшебно.

Волкова вели дека нејзината перспектива е уникатна, бидејќи таа може да "ја почувствува, да ја види и да ја овековечи фотографијата, како што тоа може да го направи само некој кој танцува".

Додека патува низ целиот свет, Волкова ги фотографира балерините и балетаните ширум светот, а резултатот на нејзината работа е навистина извонреден.