Прекрасен дом за сите вљубеници во книгите!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 24.11.2016 - 19:27

Овој дом на три нивоа со право го носи името "Bookshelf House", а неодамна е редизајниран од страна на "Andrea Mosca Creative Studio".

Во апартманот доминираат дрвените елементи, особено полиците со голем број на книги, кои служат како ограда на скалите, одделување на просториите и место за чување на кутии за складирање.

"Целта на проектот беше да го трансформираме овој дом од темно место во светол и топол простор, да додадеме канцелариски простор и да направиме отворена кујна", велат архитектите.

Централно место во целиот дизајн ја зазема иновативната полица направена од еден елемент, кој се искачува од мезанинот до горниот дел.