Потврдено – Игра на тронови се враќа во 2019 година

Потврдено – Игра на тронови се враќа во 2019 година

Осмата и последма сезона од Игра на тронови ќе биде емитувана во 2019 година, потврди HBO.

По раните планови на HBO, финалето на најопуларната серија требаше да биде емитувано оваа година, но во текот на минатите месеци стана и повеќе од јасно дека снимањето на последните 6 епизоди ќе потрае и во текот на летото во 2018 година.

Дека последната сезона на Игра на тронови ќе биде емитувана дури во 2019 година, најави и една од главните актерки во серијата, Софи Турнер во едно интервју.

Одложувањето на премиерата го најавуваше и актерот Лиам Канигам кој изјави дека последните шест епизоди ќе траат подолго од вообичаеното.