Поткровје во Берлин кое е вистинско ремек-дело

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.11.2016 - 20:09

Поткровјата сами по себе имаат одреден шарм, а ова елегантно поткровје со изразено влијание на индустрискиот дизајн е особено воодушевувачко.

Станува збор за дело на студиото "Santiago Brotons Design", а апартманот се наоѓа близу до Ку-Дам, познатата шопинг населба во Берлин.

Поткровјето вклучува три големи тераси кои нудат извонреден поглед на градот, а дизајнерите користиле дрвени греди обоени во бело за визуелно да ги одделат внатрешните функционални зони.

Целиот стан воздивнува со природен и остар дизајн, благодарение на материјалите како што се дрвото, кожата и металот кои се користени за изработка на деталите.