Последниот поздрав на овие пријатели ќе ви го скрши срцето!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.01.2017 - 11:24

Бразилецот Вагнер Фигеиредо де Лима и неговиот коњ Серено биле најдобри пријатели, се' додека Вагнер трагично не го загубил својот живот во сообраќајна несреќа.


Знаејќи колку тој го сакал својот коњ, братот на Вагнер, Вандо, одлучил да го доведе и Серено на погребот. Тоа што потоа се случило ги скршило срцата на сите присутни!

Коњот почнал да кружи околу ковчегот, ја наведнал главата над него и испуштил болен крик. "Серено знаеше што се случува. Немаше човек што не се расплака на оваа тажна сцена", вели Кијоши Обру, еден од присутните на погребот.

Тажниот коњ сега ќе остане со Вандо кој ќе се погрижи да му даде љубов и топол дом, бидејќи целото семејство знае колку Вагнер го сакал Серено.

Навистина ретко и трогателно пријателство!