Последната желба на овој бездомник ќе ви го скрши срцето!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.01.2017 - 17:39

Една студена декемвриска ноќ на улиците во Фресно, Калифорнија, Џанин Ласет забележала бездомник кој лежел на тротоарот и држел бело куче во рацете. Џанин почнала да зборува со него, а тоа што го дознала ѝ го скршило срцето...

Неговото име е Клифорд Џејмс Херберт. Некогаш бил фармер и имал своја механичка работилница, но останал без работа поради тоа што останал инвалид заради компликациите од операцијата на срцето. Наскоро Клифорд станал бездомник, а сега, тој има само уште неколку недели живот.

Тоа што најмногу ја трогнало Џанин била последната желба на овој човек што умира - да најде дом за неговото куче Бејби. Клифорд ѝ кажал на Џанин дека ја спасил Бејби од еден лош човек што постојано ја тепал: "Таа е целиот мој свет. Таа ме заштитува и е мојот најдобар пријател."

Потресена од приказната на Клифорд, Џанин започнала акција за да му помогнат на овој човек и неговото куче. Клифорд сега е сместен во мотел, а Бејби најде нов дом - сега најдобриот пријател на Бејби е едно мало девојче чие семејство ќе се грижи за неа и ќе ја сака.

Последната желба на еден бездомник што умира е исполнета...