После 67 години, за прв пат и кажал на својата сопруга дека ја сака

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.02.2017 - 12:53

Кијао Девеи и Лиу Шиксу се кинеска двојка која е во брак веќе 67 години. Но, и покрај тоа што тие сега се во 80-тите години, Кијао никогаш досега не и кажал на својата сопруга дека ја сака, известуваат кинеските медиуми.

Но, сето тоа се променило за овој Ден на вљубените, св.Валентин, кога после 67 години Кијао конечно собрал храброст, па и кажал на Лиу дека ја сака.

А, поради тоа што ако чекате скоро седум децении да ги кажете тие зборови, не можете само да ја гушнете во кревет и да и кажете "Душо, те сакам", Кијао решил да го покаже тоа со голем гест.

Имено, Кијао договорил облакодерот во нивниот град да ги испише зборовите "Те сакам" со светла. Потоа, 84 годишниот маж ја бакнал својата сопруга, која ја носела својата венчаница за прв пат од нивната свадба.

Иако ова сѐ е многу романтично, сепак знаете што е поромантично? Да и кажел на кутрата сопруга уште пред 67 години и да не ја терал да чека толку многу! :)