Порше го произведе милионитиот 911!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 12.05.2017 - 19:35

Со темпото со кое се движи продажбата во автомобилската индустрија, не е чудно тоа што има одредени модели кои стигнале до милионитиот примерок во овој случат Порше 911.

Култниот модел – ако некој автомобил воопшто заслужил ваков опис – стигна до значајната бројка. По 54 години производство, Порше го произведе милионитиот „елфер“ вчера во својата фабрика во Цуфенхаузен. Примерок обоен во „ирска зелена“ боја и со дрвени додатоци во ентериерот, нешто што ретко ќе го видите кај новите 911-ки.не е чудно тоа што има одредени модели кои стигнале до милионитиот примерок. Наместо да го продава, јубилејното возило ќе остане во сопственост на произведувачот, и ќе прошета по настани и локации низ светот пред да го заземе своето место во Порше музејот. Уживајте!