Породувањето на жирафата Ејприл второ најгледано Live видео

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 18.04.2017 - 20:40

Долгоочекуваното породување на жирафата Ејприл во приватната зоолошка градина во Њу Јорк е второ најгледано Live видео на YouTube.

Ејприл имала 232 милиони прегледи во живо и 7,6 милијарди минути Live гледања од фебруари кога започнало следешето на идната мајка.

Ова е второ најгледано Live видео преку оваа мрежа, после 'League of legends eSports' кој се пренесува од 2012 година.

Бебето жирафа уште го нема добиено своето име, но трчаше околу со својата мајка три сати после раѓањето во приватната зоолошка во Харпусвил, село на 210 метри северозападно од Њу Јорк.

Ејприл и бебето ќе бидат претставени на јавноста следниот месец кога ќе биде отворена новата сезона.