Поранешниот сопруг на норвешката принцеза со обвиненија за Кевин Спејси

Поранешниот сопруг на норвешката принцеза со обвиненија за Кевин Спејси

Поранешниот сопруг на ќерката на норвешкиот крал Харалд Пети изјави дека американскиот актер Кевин Спејси го допирал на концертот во чест на добитникот на Нобеловата награда за мир во Осло, во 2007 година.

Ари Бен, кој беше маж на принцезата Марта Луиз 14 години, за едно норвешко радио денес изјави дека Спејси, кој седеше до него, рече: „Еј, да излеземе на цигара!” И потоа го „допрел” по гениталии.

45 годишниот Бен рече дека го одбил Спејси кажувајчи му „Можеби подоцна”.

Марта Луиз, четвртиот наследник на норвешкиот трон, со Бен се оженила во 2002 година. Минатата година тие одлучија да се разделат и да го поделат старателството над три ќерки.

Спејси, еден од водителите на програмата на концертот на 11 декември 2007 година, се соочува во последните два месеца со бројни обвинувања за несоодветно сексуално однесување, но не ги коментира.