Поради однесувањето на навивачите, Зенит казнет од УЕФА

Поради однесувањето на навивачите, Зенит казнет од УЕФА

Рускиот клуб Зенит заработи казна од УЕФА поради однесувањето на навивачите за време на дуелот од Лига Европа против македонскиот шампион Вардар.

На една од трибините беше употребен транспарент со кој фановите на Зенит му изразија поддршка на Ратко Младиќ кој претходно доби доживотна затворска казна од Судот во Хаг, нешто што дефинитивно беше забележано од официјалните лица. Истовремено биле употребени и пиротехнички средства, па Зенит ќе мора да плати 10.000 евра, а на следниот натпревар ќе биде затворен делот од трибините на кој беше истакнат транспарентот. Наместо навивачи таму ќе биде истакнат транспарент од некоја од кампањите на УЕФА.