Поради геј сцена бараат забрана за Убавицата и Ѕверот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.03.2017 - 19:37

Се очекува во филмот, чија премиера претстои во втората половина на март, гледачите да го видат “првиот геј момент” во продукција на “Дизни”. Станува збор за Лефо – близок пријател на антагонист Гастон, во чиј лик ќе влезе Џош Гад.


“Лефо е човек кој еден ден сака да е Гастон, а во друг – да го бакне. Тој е збунет од желбите. Тој е човек кој сега сфаќа дека ги чувствува овие чувства “, раскажува режисерот на филмот.

Конзервативниот руски пратеник Виталиј Милонов го повика Министерството за култура да го преиспита прикажувањето на “Убавицата и ѕверот” овој месец поради евентуални прекршувања на законот кој ја забранува “геј пропагандата”. Во писмото до ресорното министерство, Владимир Медински, кој го одредува филмот на режисерот Бил Кондон како “бесрамна, бесрамна пропаганда на гревот и откачени сексуални односи.”

Според критичарите овој лик и сцените со него воопшто не се скандалозни. Милонов сепак инсистира на посебна проекција на филмот во пресрет на премиерата на која ќе се процени хомосексуалното присуство, и ќе се преземат мерки за да се ограничи емитувањето, ако се најдат “елементи на пропаганда”.

Пратеникот стана член на националниот парламент на владејачката партија “Единствена Русија” минатата година, откако служеше како регионален пратеник во родниот град Санкт Петербург. Тој стана познат како еден од главните поттикнувачи на забраната на “геј пропагандата”, потпишана од претседателот Владимир Путин во 2013 година.

Законот кој предизвика меѓународна осуда, забранува ширење на информации на заинтересираните лица под 18-годишна возраст за “нетрадиционални сексуални односи. ” Тој беше користен и како изговор за забрана на геј настани.