Популарните "Вил и Грејс" се враќаат на малите екрани!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 03.01.2017 - 11:55

Носталгичните по популарната тв-серија "Вил и Грејс" многу ќе се радуваат на оваа информација - серијата се враќа на малите екрани со нови епизоди!

Телевизиската мрежа NBC веќе договори снимање на десет нови епизоди од "Вил и Грејс". Снимањето е планирано да започне во Јули, а емитувањето на новите епизоди е закажано некаде на есен.

За жал покојната актерка Деби Рејнолдс нема да ја гледаме во улогата на Боби Адлер, но сигурни сме дека откачените Вил и Грејс повторно ќе не' смеат со нивните секојдневни градски авантури.

Одбројувањето започна! :)