Поминаа 24 години од првиот официјален меч на Македонија!

Поминаа 24 години од првиот официјален меч на Македонија!

На денешен ден се одбележуваат 24 години од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација кога во Крањ во историски меч ја совладавме Словенија со 4:1.

Првиот гол во дресот на Македонија го постигна Зоран Бошковски-Чоко уште во 5. минута од мечот, а потоа стрелци беа и Дарко Панчев, актуелниот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски (од пенал), како и Драган Канатларовски-Цапар.

Во стартниот состав на Македонија беа Горан Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски, Љупчо Марковски, Ванчо Мицевски, Зоран Мицевски, Илија Најдоски и Дарко Панчев. Во играа влегоа и Неџмедин Мемеди и Сашо Милошевски. Прв македонски селектор беше легендарниот Андон Дончевски.