Погледнете како сега живее најубавиот затвореник!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 04.01.2017 - 14:00

Се сеќавате на Џереми Микс, дечкото чија фотографија од затвор во 2014 година стана планетарно позната и ги полуде жените ширум светот?

Овој поранешен криминалец докажа дека и криминалот се исплати, само ако си доволно убав. :) Откако излезе од затвор, 32-годишниот Џереми доби бројни понуди за модни ангажмани, а како што можете да видите, тоа и те како му се исплатеше!

Џереми, кој е татко на две деца, на Инстаграм ги сподели фотографиите од луксузниот живот кој сега го живее, а за својот успех и спас му се заблагодари на Господ кој го чувал.

"Господ е голем", напиша Џереми додека позираше покрај својот нов Масерати автомобил од 150.000 долари. :)