Погледнете како се снимаше последната епизода од најгледаната серија Game of Thrones

Седмата сезона на популарната серија Game of Thrones заврши со многу нови откриени информации, но содржеше и долгоочекувана средба што ќе го дефинира понатамошниот тек на приказната. Како екипата го доживеа снимањето на последнатa епизода на седмата сезона погледнете во видеото.

Иначе меѓународната истражувачка маркетинг агенција Nielsen соопшти дека според нејзини податоци финалната епизода од седмата сезона била гледана од 12.1 милион гледачи. Уште околу 4 милиони лица се запознале со епизодата на интернет во стриминг платформите. Тоа е за 36% повеќе од бројноста на публиката на последната епизода од претходната шеста сезона, која била следена од 8.9 милиони лица.