Погледнете како овој брат си поигра со радоста на сестрата!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 02.01.2017 - 02:12

Браќата и сестрите имаат посебен однос, па без разлика колку и да се зафркаваат, на крајот нема никој кој го сакаат повеќе. Но, овој брат сериозно си игра со трпението на својата сестра... :)

Имено, откако минатата година таа морала да се објаснува на сите дека не е во врска со раперот Шеф Киф, бидејќи нејзиниот брат испратил експертски фотошопирани нивни фотографии како Новогодишни честитки, сега повторно беше негова "жртва" за празниците.

Твитер корисничката Морган Свободни ја сподели својата приказна, па набрзо стана хит на оваа социјална мрежа. На почетокот, Морган мислела дека нејзиниот брат пробал да се искупи за сите претходни шеги...

"Твојот Божикен подарок е надвор", пишува во картичката која ја сподели таа. А, кога излегла надвор што да види - нов автомобил!

Но, возбудата набрзо спласнала, откако таа ја отворила втората картичка на која пишувало дека автомобилот е изнајмен и дека самата мора да плати за неа, бидејќи братот многу се потрошил на подароците за другите роднини и пријатели.

На крајот, тој објаснува дека вистинскиот подарок се всушност вредносни картички за "Subway" и "Applebee". Па, доколку вие мислите дека сте добиле лоши подароци од вашите браќа и сестри, размислете повторно... :)