Погледнете како Џими Кимел се подготвува за Оскарите

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.02.2017 - 15:41

На претстојните Оскари домаќин ќе биде водителот Џими Кимел, а за да се подготви тој доби мотивациски говор од никој друг, туку од најславниот глас во Холивуд - Морган Фримен.

Имено, гласот на "Богот", како што го викаат Фримен, во новата реклама за Оскарите го охрабрува водителот за тешката задача која му претстои.

Кимел беше претставен како водител на Оскарите во декември, а зад себе има неколку водителски улоги на големи шоуа, како Еми наградите во 2016 и 2012 година, како и неколкупати водење на Американските музички награди.

Ние се надеваме дека Кимел ќе ни приреди вистинско шоу за паметење, а погледнете како се мотивираше во следново видео!