Погледнете ја забранетата реклама со Кара за маскара

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.04.2017 - 12:36

Новата реклама на Кара за маскарата на Rimmel е забранета во Велика Британија заради тоа што погрешно ги наведува потенцијалните купувачи.

Во рекламата се гледа како манекенката нанесува маскара која ветува 'опасно храбри трепки'. Меѓутоа според британската Комисија за рекламни стандарди волуменот на трепките во рекламата е постигнат со помош на фотошоп.

Козметичката куќа призна дека во постпродукцијата ги доработувале ефектите во рекламата, но стојат позади производот што го промовира Кара и наведуваат дека презентацијата е точна. Римел призна дека имаат користено и вештачки трепки како би добиле повеќе волумен.