Погледнете го видео записот за новата песна на Тејлор Свифт

Новата песна на Тејлор Свифт, Look what you made me do, никој не го остави рамнодушен, а истото важи и за видео записот.

Пејачката премиерно го прикажа видео записот во текот на доделувањето на MTV наградите. Иако првобитниот впечаток беше дека Свифт ја копира Бијонсе, откако видео записот се појави тие зборови паднаа во вода.

Пејачката и овој пат одигра паметно, цело време се потсмева на својата репутација, а оваа визуелна приказна сигурно ќе им се допадне на нејзините фанови.

Погледнете го видео записот во продолжение.