Погледнете го трејлерот за филмот кој сите го мразат уште пред да излезе

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.12.2016 - 20:33

Претстојниот анимиран филм "The Emoji Movie" веќе ги собра негативните критики, иако само неодамна беше објавен неговиот прв трејлер.

Со оглед на тоа дека премиерата е најавена за 4-ти август идната година, навистина е чудно што филмот на режисерот Тони Леондис веќе е толку "исхејтан" на социјалните медиуми.

Причината за тоа е општото мислење за филм за емотикони, иконите кои ги емитираат емоциите во апликациите кои ги користиме за онлајн комуникација.

Приказната го следи емотиконот по име Џин кој нема специфична емоција. За да биде како и другите свои колеги, тој се впушта во авантура за да добие една и единствена емоција.

Гласовите ги позајмија Т.Ј.Милер, Илана Глејзер, Џејмс Корден и други. Погледнете го трејлерот и пресудете сами!