Погледнете го трејлерот за “Deadpool, Meet Cable”

Погледнете го трејлерот за “Deadpool, Meet Cable”

Долгоочекуваниот трејлер за филмот “Deadpool 2” односно “Deadpool, Meet Cable” конечно е објавен од телевизиската куќа “Fox” .

Според трејлерот, филмот е сè што очекувавме – многу хумор, сатира, пукањe и акциони ликови. “Роден сум и израснат за време на војна”, вели Џош Бролин во улогата на Кејбл. “Луѓето мислат дека ја разбираат болката, но всушност не знаат ништо”. Во филмот кој е под режија на Дејвид Лејч, улогите им припаднаа на Рајан Рејнолдс, Морена Бакарин, Т.Џ Милер, Лесли Угамс, Брајана Хилдебранд, Сетафн Капичич, Зази Битц, Џош Бролин и Џек Кесај.

Новото остварување на “Deapool 2” се очекува да направи голем успех како и претходниот дел, така што премиерата на филмот е закажана за 18 мај оваа година.