Погледнете го прототипот на 2018 Honda Insight

Погледнете го прототипот на 2018 Honda Insight

Honda претставија слики од новиот прототип на третата генерација на нивниот модел Insight пред да биде официјално претставен на Јужно Американскиот Интернационален саем за автомобили во Детроит следниот месец, а кој на пазарот треба да се појави идното лето.

Иако претходните две генерации на Insight се продаваа и на европскиот пазар, се дознава дека третата нема да биде понудена на пазарот во Велика Британија.

На сликите се забележува дека Honda значително ја промениле формата на новиот Insight – сега тоа е луксузна лимузина, со предница слична на 10-тата генерација на Honda Accord, во комбинација со хечбек профилот на стариот модел. Скиците од кабината откриваат распоред на командната табла сличен на оној од моделот Civic.

Сега засега многу малку е објавено во врска со овој модел, но се знае дека ќе го користи најновиот двомоторен хибриден систем на Honda, познат како i-MMD (Intelligent Multi Mode Drive) – систем кој веќе беше претставен во CR-V Hybrid прототипот на Frankfurt Motor Show во септември.

Иако новиот Insight нема да биде глобален модел, компанијата се спрема да навлезе на глобалниот пазар на електрифицирани автомобили, и има намера две третини од моделите од глобалните продажби да ги електрифицира до 2030-та.