Погледнете го официјалниот трејлер за "The Boss Baby"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 24.12.2016 - 17:30

Откако пред некое време не израдуваа со тизер трејлерот, "20th Century Fox" и "DreamWorks Animation" пред празниците решија да ни го подарат и официјалниот трејлер за новиот анимиран филм "The Boss Baby".

Приказната се фокусира на тоа како едно семејство се справува со пристигнувањето на новото бебе, раскажана од перспектива на бујната фантазија на седум годишниот Тим.

Во филмот главните гласови ги позајмуваат Алек Болдвин (Тим), Џими Кимел и Лиса Кудроу (родителите), а свои улоги имаат и Тоби Мегваер и Стив Бушеми.

Анимираниот филм ќе се најде во киносалите ширум светот на 31-ви март, а ако може да судиме според трејлерот, нѐ очекува вистинска забава!