Погледнете го новото Audi A7 2018

Погледнете го новото Audi A7 2018

Audi A7 ќе биде подновен во неговото издание за 2018, а втората генерација на овој модел ќе се појави на пазарот на крајот на оваа година.

Како што се гледа на ексклузивната слика, овој хечбек модел ќе има поголема предна решетка, браници и фарови. Линијата на кровот ќе остане како и кај сегашниот модел, додека подобрениот ентериер и вградената технологија ќе бидат превземени од новиот A8 модел. Ќе биде изграден на полесната MLB Evo платформа која ќе ја дели со Q7 SUV и наредниот A6, што значи дека ќе има подобрување и во перформансите и во економичноста бидејќи платформата е дизајнирана да ја намали тежината на возилото.

Новата предна решетка и фаровите ја прават новата A7-ца да личи на најновите верзии на TT и A5, а во ентериерот ќе биде вграден виртуелниот кокпит систем.

Од A7 моделите се очекува да користат големи V6 и V8 мотори во бензинска и дизел варијанта, но бидејќи моделот фатен на шпионските фотографии нема видливи издувни цевки, се претпоставува дека или се работи за невообичаен дизајнерски избор на Audi, или за електрична или plug-in хибридна верзија.

Новиот модел ќе го задржи практичниот стил со 5 врати.