Погледнете го новиот Mk8 Rolls-Royce Phantom

Погледнете го новиот Mk8 Rolls-Royce Phantom

Не се случува често да Rolls-Royce претстават сосема нов автомобил, a сега e направен исклучок со 8-ма генерација на моделот Phantom кој ќе биде изграден врз нова скалабилна платформа која ќе ја користат сите идни модели како Ghost, Wraith, Dawn и Cullinan SUV-от. 

Во споредба со сегашниот модел, новиот Phantom е полесен, но и за 30% поцврст. Зацврснати се предната и задна оска, додадена е само-нагодувачка воздушна амортизација, како и управување со сите тркала.

Вградена е и нова технологија наречена “Flagbearer” (знаме-носител, т.е предводник) која користи систем од стерео камери интегрирани во шофершајбната кои го скенираат патот напред и автоматски ја нагодуваат амортизацијата според условите, до брзини од 100км/ч.

И покрај тоа што новиот модел е полесен, додадена му е звучна изолација со тежина од 130кг, плус алуминиумски патос и нови гуми наречени “Silent Seal“, во кои има слој од пена за која компанијата вели дека го редуцира звукот од гумите за 9db.

Како и секогаш, главна одлика на Rolls-Royce моделите е ентериерот. Во задниот дел се вградени пикник масички и TV екрани кои се скриени и се активираат со притисок на копче, а новата централна конзола вклучува кабинет за пијачки во кој има чашки за виски и шампањ, како и фрижидерче.

Во предниот дел, наместо традиционалната дрвена командна табла е вградена т.н „Галерија“ – пред возачот се наоѓа 12.3 инчен TFT екран на кој се прикажани брзината, количината на гориво и температурните нивоа, плус информации од сателитската навигација и системите за асистирање на возачот.

Infotainment системот се појавува и исчезнува со притискање на копче, а за поставување зад стаклениот прозорец на средината на таблата купувачите може да изберат некој од дизајните кои ги нуди Rolls-Royce, или да нарачаат нивни сопствен дизајн.

Визуелно, новиот Phantom се разликува од сегашниот најмногу во предницата, во која се вградени дизајнерски елементи од 2016 103EX – првиот концептуален модел на Rolls-Royce.

Позната предна решетка кај новиот модел е поголема од било кога, а целата предница е позаоблена. Вратите се затвораат електрично кога дршката ќе се допре со рака.

Моторот е сè уште 6.75 литарски V12 но сега има два турбо полначи, и развива 570 коњски сили и 900Nm вртежен момент. Менувачот е 8-брзински и автоматски, а Rolls-Royce има вградено неколку безбедносни технологии како што е систем од 4 камери со панорамски поглед, активна контрола на крстарење, предупредување за пешаци и при движење во раскрсници, и др