Погледнете го новиот Mazda KAI концепт

Погледнете го новиот Mazda KAI концепт

Драматичниот концепт прикажан на 2017 Tokyo Motor Show ни дава ран увид во изгледот на следната генерација на Mazda 3 – тој ја демонстрира еволуцијата на Kodo дизајнерскиот јазик на Mazda, со многу почисти површини.

Кевин Рајс, директорот за дизајн на европската подружница на Mazda, изјавил дека KAI сега засега не е ништо повеќе од саемски автомобил, креиран со нови производствени техники кои овозможуваат формирање на неговиот специфичен облик.

Mazda KAI концептот е малку пократок од сегашната Mazda 3, како и понизок – неговата висина изнесува 1375мм. Во споредба со Mazda 3, KAI е за 60мм поширок (1855мм.), а задните тркала се доближени до браникот со што меѓуоскиното растојание е зголемено за 50мм.

“Мазниот“ дизајн на екстериерот e рефлектиран и во ентериерот, кој е чист и ненатрупан, со хоризонтална контролна табла која се протега од врата до врата.